Преку Луксембург до милион авиопатници

Bez autora
Aug 23 2012

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потпиша Меморандум за разбирање со воздухопловните власти на Луксембург што е чекор до либерализација на воздушниот транспорт меѓу двете земји. Ова е прв документ кој ќе ги регулира понатамошните текови и отворање на пазарите кон двете држави. На средбата се истакнаа пријателските односи меѓу двете држави и нивните сличности во насока на достигнување на целите во воздухопловството и политиката на Европа за отворено небо и либерализација на пазарот. Покрај Меморандумот за разбирање со Луксембург, АЦВ склучи исти вакви меморандуми со Италија, Унгарија и Белгија. Како резултат на овие меморандуми започна и оперирањето на "Виз ер" и новата дестинација на туроператорот "Џет ер" кон Белгија. Се надеваме дека со заеднички сили и соработка ќе се отвори патничка и карго-линија со Луксембург.

Преку Луксембург до милион авиопатнициАгенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потпиша Меморандум за разбирање со воздухопловните власти на Луксембург што е чекор до либерализација на воздушниот транспорт меѓу двете земји.

- Ова е прв документ кој ќе ги регулира понатамошните текови и отворање на пазарите кон двете држави - рече Дејан Мојсоски, директор на АЦВ. На средбата се истакнаа пријателските односи меѓу двете држави и нивните сличности во насока на достигнување на целите во воздухопловството и политиката на Европа за отворено небо и либерализација на пазарот.

Покрај Меморандумот за разбирање со Луксембург, АЦВ склучи исти вакви меморандуми со Италија, Унгарија и Белгија.

- Како резултат на овие меморандуми започна и оперирањето на "Виз ер" и новата дестинација на туроператорот "Џет ер" кон Белгија. Се надеваме дека со заеднички сили и соработка ќе се отвори патничка и карго-линија со Луксембург - вели Мојсоски.

Бројот на авиопатници во РМ до јули е зголемен за 13%.

- Тоа претставува исклучително значајна бројка имајќи предвид дека 2011 година ја завршивме со раст од 15%. Ако се направи споредба со 2010 година, имаме речиси 30% пораст на бројот на превезени авиопатници.

Очекуваме во октомври со пуштањето на новата линија кон Дубаи, како и со отворањето на нови дестинации поттикнати со владините субвенции, дека 2012 година ќе ја завршиме со над еден милион патници - вели Мојсоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik